„Приоритет е да ја спасиме ногата на Вон, проблемот не е решен“

Здравствената состојба на Линдзи Вон се уште е меѓу главните теми во скијачкиот свет, по страшниот пад и тешката скршеница што Американката  ја заработи при падот на спустот на ЗОИ 2026.

Таа се јави преку социјалните мрежи обелоденувајќи дека за три дена и биле извршени три хируршки зафати, но денеска со соопштение се јави и хирургот Бертран Сонери-Коле, обелоденувајќи дека состојбата на скијачката легенда се уште е крајно сериозна.

„Вон скијаше со протеза на коленото и имаше тежок пад, кога ќе паднете со протеза, ризикот е огромен, штетата може да е неверојатна. Американскиот Олимписки комитет очигледно презеде голем ризик, Линдзи секако и самата била свесна, но сега состојбата е тешка. Иглата што ја видовме на фотографијата е доказ дека и покрај трите операции, се уште проблемот не е саниран. Докторите се уште се борат да ја санираат скршеницата, она што го гледаме е само привремено решение. Во моментов приоритет е да се спаси ногата на Линдзи Вон, ова е повреда како онаа при тешки падови на мотоциклисти, а фактот дека ногата и беше од претходно сериозно повредено само ја влошува целата ситуација. Прашање е дали таа воопшто ќе може повторно да скија, дури и аматерски, но тоа е најмалку важно во моментов“, обелодени францускиот хирург.

Се вчитува...