Јувентус ги загуби првите бодови во новата сезона од Серија А откако „старата дама“ одигра 0-0 на гостувањето против Сампдорија, со што беше прекината серијата од шест победи што Јуве ја имаше во пресметките со овој ривал.
„Црно-белите“ беа далеку од посакуваното ниво, без повредените Погба и Ди Марија се мачеа да искреираат шанса во противничкиот шеснаесетник, па така најубавата можност на мечот ја имаа домаќините на самиот почеток, кога Перин со многу среќа и помош од гредата спречи водство на домаќините.
Јувентус во второто полувреме успеа да постигне гол преку Рабио, но истиот беше поништен со ВАР поради офсајд на Влаховиќ, но избраниците на Алегри со прикажаното на овој натпревар не заслужија цел плен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА