Иако се очекуваше последното коло во групата Ц да донесе два интересни натпревари, сепак, тоа не се случи. И во Минхен и во Келн на средбите Србија – Данска, односно Англија – Словенија не донесоа голови, ниту големи возбудувања, па така Англија оди како првопласирана, додека Србија си оди дома, откако го освои последното место на табелата.
На Србија и требаше победа против Данска, но не дојде до неа. Чудниот состав со кој тргна селекторот Драган Стојковиќ не го даде очекуваниот резултат, па така во вториот дел на теренот се најдоа и Митровиќ, Влаховиќ, Тадиќ и Јовиќ, но и тоа не го даде посакуваниот резултат за нашиот северен сосед. Неколку возбудувања имаше само во финишот, но ударот на Милинковиќ-Савиќ го одбрани Шмајхел.
Во Келн, пак, Англија не доминираше ниту според играта, ниту според шансите. Англичаните исто така менуваа, во игра влезе и Палмер, но и тоа не беше доволно. Словенија, пак, успешно се одбрани и на крајот успеа да дојде до третата позиција, која ќе ги однесе во следната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА