Приспивно дерби: Вардар и Шкендија без голови на полувреме во ПМФЛ

Фудбалерите на Вардар и Шкендија играат без голови 0-0 во дерби натпреварот од 21. коло во Првата македонска фудбалска лига.

И двата тима почнаа многу внимателно и без течност и динамика во играта. Па по 15 минути без ниту една шанса на теренот, на семафорот се уште стоеја почетните 0-0.

И во следниот период двата тима продолжија со истата игра, па не видовме никакви возбудувања на тренинг комплексто на ФФМ и по една половина од првото полувреме. Првата сериозна шанса во мечот ја имаа тетовци откако во 32. минута Трумчи биеше од непосредна близина, но Талевски одлично интервенираше и го спаси својот тим.

До крајот на првиот дел мируваа мрежите па на пауза се замина со почетните 0-0.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...