- Комплетно новиот SANDERO STEPWAY е веќе изложен во официјалниот салон на брендот
Кога станува збор за промовирање на ‘паметно инвестирање’ и разумна форма на потрошувачка брендот Dacia e предводник и усогласена со реалните очекувања на своите клиенти. Нуди едноставни, пространи, безбедни и робусни возила по најдобра цена на пазарот.
Брендот ја обнови својата понуда со нов градски автомобил кој го олицетворува ДНК – то на DACIA, а тоа е комплетно новиот Dacia Sandero Stepway- авантуристичката верзија на Sandero која претставува 65% од целата продажба на моделот со продадени повеќе од 1,3 милиони автомобили во Европа.
ПОВЕЌЕ НАГЛАСЕН ДИЗАЈН ЗА АВАНТУРИСТИЧКИ ИЗГЛЕД
Подигнато растојание од земјата, Sandero Stepway е разноврсен авантурист во семејството на Dacia. Уникатниот ентериер и моќниот надворешен дизајн се смела изјава за бегство и авантура. Зголемената диференцијација го издвојува од потполно новиот Sandero и ја зајакнува репутацијата на кросовер во ДНК-та на новиот Sandero Stepway.
“Мускулно” развиен надворешен дизајн
Потполно новиот Sandero Stepway е веднаш препознатлив по предниот дел, уникатниот преден дел, хромираното лого на Stepway под предната решетка и заоблените браници над светлата за магла. Предните и задните браници вклучуваат метална лизгачка плоча во боја на каросеријата, дизајнирана да ја заштитува оригиналната боја од секојдневните гребнатини.
Карактеристики на моќен кросовер
Потполно новиот Sandero Stepway се карактеризира со основни дизајнерски елементи на кросоверите – подигнато растојание од земја од 174 mm (пораст од 41 mm во споредба со Sandero, пред се од поголем дијаметар на пневматиците), држачи на кровот со испис на логото, специјално текстурирано и армирано дно на вратите.
Flex фелни
Стандардните верзии се опремени со 16-инчни flex фелни чии што прецизно дизајнирани облоги ги реплицираат оние на „вистинските“ алуминиумски тркала, како опција се достапни и ексклузивните фелни со дијамантски пресек од 16-инчи на верзијата Stepway, со цел да го подобри изгледот на кросоверот.
Mодуларни кровни држачи
Кровните држачи на Sandero Stepway се доста визуелно привлечни, но исто така се и прилагодливи. Со користење на клуч кој е сместен во совозачката фиока, тие можат лесно да се расклопат за само неколку секунди и да се претворат во држач за кровот со носивост од 80 килограми, што е исто како и стандардните кровни држачи. Овој софистициран и патентиран систем е пример за сè што Dacia застапува: паметни, практични, едноставни и безбедни системи.
Уникатен внатрешен дизајн
Навлаката во ентериерот е со логото Stepway, додека панелите на вратите како и инструменталната таблата има портокалови шевови и вметнати украсни детали.
Mултимедиjални системи: Tри системи кои одговараат на сите потреби
Новиот Sandero Stepway нуди три различни мултимедијални системи: Media Control, Media Display и Media Nav.
Со Media Control, паметниот телефон може да се постави на паметната поддршка пред возачот, далечинскиот мултимедијален систем се поврзува преку новата бесплатна апликација Dacia Media Control и Bluetooth или USB конекција. Системот овозможува лесен пристап до: радио, музика, повици, пораки, сателитски апликации и многу други одлики како што се препознавање на глас на Siri и Android. Контролите се на дофат на рака на управувачот (за радиото) или зад него (sat nav) за да се обезбеди побезбедно возење.
Без паметен телефон кој би бил поврзан на Media Control, достапни се радио и репродукција на датотеки преку USB порт.
Опремата вклучува: два звучници, Bluetooth и USB конекција и 3,5-инчен TFT дигитален дисплеј помеѓу командите, каде што се прикажуваат и поставките за радио.
Media Display конзолата се одликува со голем 8-инчен екран на допир позициониран на горниот дел. Во патничкиот простор има четири звучници. Екранот е малку навален кон возачот со цел поголема видливост и ергономија. Дизајнот е елегантен, а интуитивниот лесен за употреба, компатибилен со Bluetooth и системите Android Auto и Apple CarPlay за паметни телефони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА