Пристигна во јули, одигра само седум натпревари, сега ќе биде продаден за двојно поголема сума

Младиот португалски фудбалер Ренато Веига е пред заминување од Челси откако изрази желба да добие поголема минутажа, но и да игра на посакуваната позиција стопер, а не како лев бек, позицијата која му беше предивдена на „Стемфорд Бриџ“.

Веига пристигна во Челси од редовите на Базел за 14 милиони евра пред само шест месеци, досега настапи на само седум натпревари во Премиерлигата, а доколку замине од клубот, Челси намерува да има и сериозна заработка бидејќи ќе дозволи трансфер само доколку пристигне понуда од 30 милиони евра.

За Веига сериозен интерес покажува Борусија Дортмунд која веќе ги договори личните услови со 21-годишникот, па остнаува уште да биде постигнт договор помеѓу англискиот и германскиот тим.

Се вчитува...