ЕКИПА во Вадуц
Горан Бошев
Легендарниот македонски фудбалер Горан Пандев се врати во националниот тим, но овој пат во друга улога – како директор на сите национални селекции.
Енис Барди го коментираше „кам-бекот“ на Пандев, и рече дека на него и на другите фудбалери им е чест што легендата одново е дел од нашата репрезентација.
„Јас и другите фудбалери од репрезентацијата добро го познаваме Пандев кој играше заедно со нас. Станува збор за големо фудбалско име, и секако дека за нас е дополнителен мотив. Мило ни е што Горан Пандев повторно е со нас и чест е да биде дел од нашата репрезентација. Враќањето на Пандев и во новата улога секако е значајно за нас“, изјави капитенот на националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА