Микел Артета се соочува со огромен притисок – да стигне до титулата во Премиер лигата или да добие отказ во Арсенал, пренесуваат англиските медиуми.
Управата на „топчиите“ смета дека сторила и повеќе од доволно, давајќи му шанса на Артета кога резултатите не беа според очекувањата, а потоа и инвестирајќи сериозно во играчкиот кадар во последните две години.
Лондонскиот клуб минатото лето ги доведе Зубименди, Ѓокереш, Мадуеке, Езе, Хианчипе… како дополнување на одличниот тим што Шпанецот го имаше на располагање ланската сезона. Пораката уште тогаш беше јасна – титула или отказ, а истиот став на управата останува до ден денеска.
Арсенал прокоцка одлични „плус девет“ на врвот, моментно има само пет бода предност, но и меч повеќе во однос на Манчестер Сити, па иднината на шпанскиот стратег повторно е актуелна тема во англиската јавност.
„Топчиите“ сметаат дека на сите овие инвестиции титулата, особено во сезона на променлива форма на Сити, е апсолутетен приоритет. Што доколку не биде остварен ќе доведе до коренити промени следното лето, почнувајќи од тренерот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

