Холанѓаните во вториот дел жестоко нападнаа да израмнат, иако и Турција имаа неколку опасни ситуации. Меѓутоа „лалињата“ како да влегоа подобро во вториот дел, ги затворија најопасните играчи Чалханоглу и Гулер, па тргнаа по гол, а за таа цел Куман го стави и Вергорст.
Израмнувачкиот гол го постигна Де Врај кој со глава по изведен корнер успеад а го матира Гунок и да донесе израмнување во 71. минута. Пет минути подоцна Холандија поведе. Турската одбрана попушти под нападите, и по една убава акција Гакпо го совлада Гунок и пресврт на Холандија.
Претходно Акајдин во 35. минута исто со глава успеа да донесе предност за Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА