Притисокот расте: Фабрегас доаѓа на местото на Артета?

Микел Артета е на добар пат да добие отказ по огромниот пад во формата на Арсенал во последниот месец, елиминацијата од ФА Купот, како и компликувањето на трката за титулата во Премиер-лигата што се чинеше дека сигурно ќе заврши во рацете на „топчиите“.

Општ став на англиската јавност е дека управата во изминатите две години ги исполни сите желби на Шпанецот, му доведе бројни скапи засилувања од кои тој не успева да го извлече максимумот. На Артета најмногу му се замерува за неатрактивниот фудбал, нешто што е недозволиво за тим со толку многу офанзивни оружја. Додека е победуваше, макар и со по 1-0, целта ги оправдуваше средствата, но сега кога Арсенал нема ниту игра ниту резултат, се поголема е опасноста Артета да добие отказ на крајот од сезонава.

Цеск Фабрегас е апсолутниот фаворит во трката за нов тренер на лондонскиот клуб, шпанскиот стратег постави брилијантен проект во Комо, а токму беспрекорниот стил на игра на овој тим со мал буџет е главна препорака, Фабрегас да се врати назад на „островот“. Цеск токму во дресот на Арсенал ја стартуваше брилијантната играчка кариера, па самиот Фабрегас би сакал сега со истиот клуб да ги нападне трофеите и како тренер.

Комо лани одби неколку понуди, но за очекување е Фабрегас наскоро да направи чекор напред, што дефинитивно е преселба во најсилната лига на светот.

Се вчитува...