Италијанската полиција уапси 19 навивачи, поврзани со Интер и Милан, од кои многумина се осомничени за врски со мафијата „Ндрангета“. Истрагата покажа дека дел од навивачките групи се трансформирани во криминални групи кои вршат измами со билети околу стадионот „Сан сиро“ што го делат Интер и Милан, изнудуваат сопственици на тезги со пијалоци и навивачи кои го користат паркингот околу стадионот.
Обвинителството тврди дека истрагата открила силни врски меѓу мафијашките семејства и водечките канали на ултрас групите „Курва Суд“ и „Курва Норд“ на „Сан сиро“.
Меѓу оние кои се вклучени во оваа истрага се водечките ултраси од северот – Андреа Берета која веќе е во затвор за убиството на Антонио Белока што се случи на 4. септември (Белока беше убиена со 20 убоди) и Марко Федерико кој е во затвор за истата причина, но и лидерите на „југот“ Лука Лучи и неговиот брат Франческо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА