Министерството за внатрешни работи на Русија, истакна дека полицијата привела неколку лица, осомничени дека го сториле нападот врз кошаркарот на ЦСКА, Алексеј Швед во центарот на Москва.
Швед беше нападнат и претепан ноќта на 2. мај веднаш по испаѓањето на неговиот тим од плеј-офот во Русија. Настанот се случил во близина на еден ресторан, а кошаркарот со повреди бил пренесен во болница.
„Во Москва, полицијата приведе осомничени за нападот на кошаркарот Алексеј Швед – рече Ирина Волк, официјален претставник на министерството за внатрешни работи.
Според „Телеграм 112“, кошаркарот има многу сериозни повреди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

