Приведени три лица поради фрлање на тврди предмети на мечот Вардар – Ла Фиорита

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера привела три лица кои биле на натпреварот во рамките од 1. квалификациско коло во Лигата на Конференции помеѓу Вардар и Ла Фиорита, одигран на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Приведените лица фрлале тврди предмети кон полициски службеници и други лица во публиката, како и кон лица кои учествувале во натпреварот.

„На 10.07.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Ф.Д.(19),  М.Г.(18) и А.З.(27), сите од Скопје, поради тоа што за време и по завршување на фудбалски натпревар на aрената „Тоше Проески“ во Скопје фрлале тврди предмети кон полициски службеници, лица во публиката, како и лица учесници на натпреварот. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.“, стои во соопштението на МВР.

Се вчитува...