Големо признание за Хрватот, Дино Раѓа и кошарката од балканските простори со неговиот прием во „Куќата на славните“ во американскиот Спринфилд.
Раѓа доби место меѓу најголемите заедно со останатите ѕвезди од „класата 2018“ меѓу кои и Џејсон Кид, Стив Неш, Грент Хил, Реј Ален… Хрватскиот кошаркар во својата кариера имаше извонредни насташи за Бостон селтикс, како и во дресовите на поранешна СФРЈ и Хрватска. Зад себе има три титули европски шампион како и две олимписки сребра.
Во „Куќата на славните“ беше претставен од големиот Лери Бирд… Раѓа е четврти хрватски кошаркарски работник кој е во ова елитно друштво, по Крешимир Ќосиќ, Дражен Петровиќ и Мирко Новосел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА