Кире Лазаров освои се што можеше да се освои со тимот на Барселона, во изминатите четири години не претрпе ниту еден единствен пораз во шпанските ракометни натпреварувања, па македонскиот ас неслучајно доби ново признание. Лазаров, кој летово си заминува од Барса и кариерата ја продолжува во францускиот прволигаш Нант, денеска беше избран во дрим-тимот на АСОБАЛ-лигата за изминатата сезона.
Македонскиот интернационалец беше убедливо изгласан за најдобар десен бек во шпанската лига, со 33% од вкупните гласови. Зад него се најдоа Федерико Виеира од Адемар Леонсо 15,9% од гласовите и Освалдо дос Сантош Маестро со 9,3% од вкупните гласови.
Покрај Лазаров, дел од овој дрим-тим се и Виран Морос како најдобар дефанзивец, потоа најдобриот голман Гонзало Перез де Варгас, средниот бек Раул Ентрериос и десното крило Виктор Томас. За најдобар пивот избран е Адриа Фигерас од Гранолјерс, најдобар лев бек е Алекс Костоја од Адемар Леон, додека за најдобро лево крило најмногу гласови собра Анхел Фернандез од Ла Риоха.
Интересно, Чави Пасквал и покрај сите освоени трофеи со Барса не беше избран за најдобар тренер, тоа признание годинава заврши во рацете на стратегот на Адемар Леон, Рафаел Гуихоса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА