Признанија за спортисти и спортски работници на одбележувањето на роденденот на Општина Кисела Вода (ФОТО)

Со свечена седница на Советот на општината, скопска Кисела Вода денеска го одбележа роденденот на општината овој пат преку свеченост наречена „68 години бескрајна приказна која станува се подобра!“.

На свеченоста, меѓу другото, од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски беа доделени и статуетки-признанија и за истакнати спортисти и спортски работници кои изминативе години со својот професионален ангажман допринеле за промоција на општината Кисела Вода.

Поранешните македонски репрезентативци во кошаркар, ракомет и фудбал, Тодор Гечевски, Аце Станковски и Коки Аврамовски понесоа признанија за допринос за развојот на спортот. Од областа на медумите посебно признание доби и фоторепортерот на ЕКИПА, Роберт Спасовски за долгогодишен свој афирмативен допринос за промоција на општината, како и доајенот на македонското спортско новинарство Атанас Костовски.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, како и претседателот на Советот, Иван Живковски, се заблагодарија на наградените за целокупната своја активност која ја промовира општината истакнувајќи дека Кисела Вода секогаш и во иднина ќе знае да ги препознава и цени сите позитивни активности на поединците кои се од значење на општината.

Се вчитува...