Проблем: Двајца напаѓачи отпаднаа од комбинација за мечот со Фарските Острови

Селекторот Благоја Милевски се соочи со неочекувани проблеми на стартот од новото издание од Лигата на Нации откако двајца фудбалери во последен момент отпаднаа од комбинација за настап на дуелот со Фарските Острови.

Станува збор за двајца голгетери, Александар Трајковски и Милан Ристовски, кои се пожалија на повреди во пресрет на патувањето за Фарските Острови. Деталните прегледи покажаа дека двајцата имаат мускулни истегнувања и ќе мораат да паузираат извесен период, што ќе значи дека Милевски ќе мора да се снаоѓа без нивна помош на отврањето од новата сезона во Лигата на Нации.

Трајковски и Ристовски покрај саботниот меч со Фарските Острови нема да настапат ниту на вториот септемвриски меч со Ерменија, а селекторот дополнително ќе одлучи дали за овој дуел да повика нови фудбалери како замена за повредените.

Се вчитува...