Жоао Феликс беше жестоко критикуван за слабиот настап против Белгија, иако фудбалерот на Атлетико Мадрид одигра само 34 минути во вториот дел во кои не даде посериозен придонес во обидите за камбек.
Една од причините сигурно е и повредата што младиот голгетер ја влече извесно време, откако беше обелоденето дека тој веднаш по завршувањето на настапот на ЕВРО 2020 ќе мора да замине на операција на скочниот зглоб. Тој требаше да се оперира пред шампионатот, но реши да ја одложи операцијата за да му помогне на националниот тим, што на крајот се покажа како погрешен избор бидејќи Феликс секако не беше прв избор на селекторот Сантош.
Хируршкиот зафат ќе го изврши Корнелис Николас ван Дајк, кој важи за светски специјалист за ваков вид на повреди, по што Феликс ќе паузира најмалку два месеци од терените. Ова значи дека младиот Португалец ќе го пропушти и стартот на новата сезона во Ла Лига, во која Атлетико Мадрид ќе ја брани шампионската титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА