Проблем и за Германија: Се повреди Каи Хаверц

Германската фудбалска репрезентација во октомвриските натпревари во Лигата на Нации ја очекуваат натпревари против Босна и Херцеговина и Летонија, а за нив селекторот Јулијан Нагелсман нема да може да смета на Каи Хаверц.

Напаѓачот на Арсенал заработи повреда на левото колено на последниот натпревар во Премиерлигата и официјано нема да биде дел од репрезентативните натпревари.

На местото на Хаверц, Нагелсман го повика напаѓачот на Мајнц, Џонатан Буркарт.

Се вчитува...