Проблем и за Ливерпул: Тепачот Нуњез го чека долга суспензија (ВИДЕО)

Полуфиналниот натпревар помеѓу Уругвај и Колумбија на Копа Америка за жал ќе остане во помнење поради скандалозниот инцидент по крајот на средбата во кој уругвајскиот репрезентативец и воедно член на Ливерпул, Дарвин Нуњез влезе во физичка пресметка со колумбиските навивачи поради што го чека долга суспензија, откриваат англиските медиуми.

Нуњез забележал како членовите на неговото семејство биле нападнати од страна на колумбиските фанови по што се одлучи самиот да реагира, а откако додели неколку удари и тој самиот беше удрен од еден од нив настана и општ хаос.

За недоличното однесување на Нуњез ФИФА допрва ќе расправа, но се очекува да тој да добие голема суспензија која може да биде и две години забрана за настап на терените.

Се вчитува...