Проблем: Одложени четири второлигашки средби

Новата рунда од второлигашката конкуренција нема да биде комплетна откако поројните дождови кои паѓаат во последните денови придонесоа да биде донесена одлука за одлагање на четири средби.

Според информации, утре на програмата нема да бидат дуелите: Детонит – Скопје, Осогово – Новаци, Слога – Охрид и Кожуф – Вардар Неготино, а крајно неизвесно е и одигрувањето на дуелот Големо Коњари – Тетекс.

Точниот термин за одигрување на овие средби не е официјализиран, но речиси сигурно тоа ќе биде на стартот од вториот дел од сезоната, во 2026 година.

ДВОЈКИ ЗА 15. КОЛО

Детонит – Скопје

Големо Коњари – Тетекс

Кожуф – Вардар Неготино

Осогово – Новаци

Победа – Брегалница

Шкендија Арачинново – Каменица Саса

Слога Виница – Охрид

Се вчитува...