Зинедин Зидан како да немаше доволно проблеми со слабата игра и убедливиот пораз од Атлетико, па згора на тоа тренерот на Реал остана и без уште еден фудбалер откако Лука Јовиќ заработи незгодна повреда.
Србинот остана да лежи во противничкиот шеснаесетник, а по укажаната лекарска помош веднаш беше заменет. Станува збор за повреда на скочниот зглоб, но според пишувањата на мадридскиот весник „Марка“ проблемот е сериозен и Јовиќ сигурно ќе го пропушти стартот на сезоната. По деталните прегледи што ќе бидат извршени во текот на денешниот ден ќе биде познато колку точно ќе отсуствува Јовиќ од терените.
Повредата на српскиот напаѓач следи само неколку дена откако Асенсио ги скина лигаментите на коленото, по што крилниот офанзивец го очекува долга пауза. Зидан не може да смета ниту на новиот бек Менди, кој мора да мирува откако за краток период заработи две идентични повреди на мускулите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА