Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн е подготвен за настап на престојното дерби против Борусија Дортмунд, рече тренерот на тимот Томас Тухел.
Кејн на 16. март го повреди скочниот зглоб на 16. март во дуелот против Дармштад во победата од 5-2, кога го постигна 31. гол во сезоната.
„Се е во ред, ќе игра против Дортмунд“, соопшти Тухел.
За разлика од Кејн, и натаму е неизвесен голманот Мануел Нојер кој е повреден. Тој го повреди мускулот на левата нога на тренинг на германската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА