Играчот од средниот ред Тијани Рејндерс и неговиот сегашен клуб Милан постигнаа целосен договор за продолжување на неговиот договор. 26-годишниот играч од средниот ред моментално има договор до 2028 година, но ќе го продолжи договорот до 2030 година, пренесува весникот „Де Телеграф“.
Сега адвокатите на Милан треба да ги состават сите документи. Официјалниот датум на потпишување е закажан за почетокот на март, кога договорот ќе биде официјализиран.
Првично, Милан не брзаше да го продолжи, бидејќи Рајндерс имаше уште повеќе од три години од актуелниот договор. Сепак, неговата добра форма во последно време ги убеди Росонерите да седнат и да преговараат со неговиот татко Мартин, кој е негов менаџер и да се договорат за нова соработка.
Ова е една од добрите вести на Милан во последно време, со оглед дека на тимот не му оди најдобро, а исто така тренерот Серхио Консеисао се наоѓа пред отказ, иако дојде пред само две месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

