Проблем во најава: Монеке го пропушта дербито со Партизан

Црвена Звезда се соочува со огромен проблем во пресрер на белградското евролигашко дерби против Партизан што е не програмата в четврток откако Чима Монеке обелодени дека повредата што го мачи веќе извесно време воопшто не е наивна.

Крилниот центар не настапи во АБА-лигата против Босна, се веруваше дека Обрадовиќ само го чува за дербито со Партизан, но Монеке во последната изјава обелодени дека станува збор за проблем со тетивата.

„Не можам да кажам кога ќе се вратам, проблемот е во ахиловата тетива, а таа повреда е една од најнезгодните и најнепредвидливите. Толку често имам играно со болка, но лошо реагирав кога решив да играм на последниот меч, што беше погрешна одлука. Она што можам да го кажам е дека работам напорно да се вратам што поскоро, а доколку не играм против Партизан тоа сигурно ќе биде големо разочарување за мене“, изјави Монеке.

Се вчитува...