Македонската репрезентација за десетина дена ја очекуваат нови предизвици во квалификациите за СП 2026, а селекторот Милевски се соочува со нов проблем откако Бојан Миовски заработи повреда поради која неговиот настап против Казахстан и против Белгија е доведен во прашање.
Нашиот голгетер во последните денови воопшто не тренираше со тимот на Џирона, а тренерот Мичел на последната прес-конференција пред мечот со Атлетико Мадрид објави дека Македонецот има незгодна повреда на стопалото поради што нема да биде во комбинација за овој натпревар.
Мичел не даде дополнителни детали околу тежината на повредата, но ако се знае дека квалификациите за СП 2026 продолжуваат за десетина дена, јасно е дека во нашиот стручен штаб имаат причина за загриженост.
Миовски се запиша меѓу стрелците на првите две средби од овој квалификациски циклус, па останува да се види дали тој ќе може да биде во тимот за домашниот меч со Белгија закажан за 6 јуни, како и гостувањето против Казахстан три дена подоцна.
Како што е познато, Милевски се соочува со проблеми и во дефанзивата. Поради повреди дефинитивно отпаѓаат и Дарко Велковски и Никола Серафимов, а повреда има и фудбалерот од средниот ред Исник Алими, но се очекува да се приклучи на репрезентацијата на јунскиот собир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

