Проблем во „пет до дванаесет“: Милевски мора да го менува тимот за Летонија

ЕКИПА во Рига,

Владимир Булатовиќ

Селекторот Благоја Милевски е принуден во последен момент да направи дополнителна измена во стартниот состав за денешниот дуел со Летонија откако Бојан Димоски отпадна од комбинација за настап.

Фудбалерот на руски Акрон беше најавен како сигурен стартер во одбраната во ситуација кога поради суспензии во тимот ги немаме Зајков и Серафимов. Сепак, тој поради вирус нема да биде во можност да им помогне на соиграчите на денешниот натпревар.

Димоски утрово примил инфузија, се чувствува подобро, но сепак е донесена одлука тој да не биде стартер против Летонија.

Селекторот Милевски дополнително ќе мора да наоѓа ново решение за овој проблем, на натпреварот на кој Македонија брка победа за да се задржи на првото место во групата од Лигата на Нации.

Се вчитува...