Србија ќе биде ослабена за вечерашниот клучен натпревар против селекцијата на Швајцарија, откако селекторот Драган Стојковиќ – Пикси остана без услугите на еден стандарден првотимец.
Станува збор за дефанзивецот Милош Вељковиќ, кој се повреди во финишот од натпреварот од второто коло против Камерун. Лекарскиот тим стори се за да го оспособи, но Вељковиќ ја загуби трката со времето и нема да може да настапи вечерва против Швајцарците. Според најавите на српските медиуми, неговото место во стартниот тим ќе му припадне на искусниот Стефан Митровиќ, а добра вест за Пикси е што Павловиќ ги надмина проблемите со повредата против Камерун и ќе биде стартер на вечерашниот дуел.
Србија мора да слави на овој натпревар, поради што српскиот селектор е подготвен да го стартува мечот со Влаховиќ и со Митровиќ, во обид што поскоро да ја затресе мрежата на швајцарскиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА