Српскиот бек и член на Алкалоид Урош Борзаш, ќе мора да паузира од ракометните терени извесен период, поради повреда на прстот на левата рака. Борзаш се повреди на мечот против Еурофарм Пелистер 2, кога мораше предвреме да го заврши мечот.
Тој нема да биде во комбинација ниту за српската репрезентација и за селекторот Раул Гонзалез за натпреварот со Словенија во рамките на неделата на ЕХФ.
Дополнително ќе биде познато кога Борзаш ќе замине на зафатот, со цел да ја реши оваа незгодна повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

