Проблем за Анчелоти: Алаба паузира две недели

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба поради повреда ќе паузира две недели. Австриецот го повреди мускулот на потколеницата на десната нога, поради што беше заменет во првиот дел на мечот со Челси во 1/4 финалето во Лигата на шампионите во Лондон.

Алаба нема да игра на следните четири меча за Реал Мадрид против Селта, Жирона, Алмерија и Реал Сосиедад. Од таборот на „кралевите“ се надеваат дека тој ќе може да игра во финалето на Купот, како и во првиот полуфинален натпревар против Манчестер Сити.

Доколку не може, тоа ќе биде проблем за Карло Анчелоти пред важните пресметки, особено во Лигата на шампионите каде што Реал ќе брка ново финале.

Се вчитува...