Проблем за Англичаните: Кајл Вокер во трка со времето за настап на СП

Англискиот селектор Герет Саутгејт се соочува со сериозен проблем на еден месец до почетокот на СП 2022. Стандардниот дефанзивец Кајл Вокер заработи незгодна повреда на мускулот, поради што мораше да биде опериран, па неизвесно е дали фудбалерот на Манчестер Сити ќе биде фит навреме за да настапи на шампионатот во Катар.

Вокер се повреди за време на градското дерби со Манчестер Јунајтед, по што мораше да биде заменет уште во првото полувреме од пресметката со „црвените ѓаволи“. Деталните прегледи покажаа дека проблемот не е наивен, а првите прогнози се дека паузата по операцијата ќе изнесува меѓу шест и осум седмици.

Ако се знае дека Англија својот прв меч на СП го игра на 21 ноември против Иран, јасно е дека Вокер го очекува трка со времето, а Саутгејт наскоро ќе мора да пресече и да донесе одлука, дали искусниот дефанзивец да го вклучи во својот финален список со патници за Доха.

Се вчитува...