Проблем за Аргентина: Австралија намали и пропушти да израмни (ВИДЕО)

Во последните 15 минути на дуелот меѓу Аргентина и Австралија ќе гледаме неизвесност, со оглед дека Австралија изненадувачки постигна гол во миговите кога не се случуваше ништо на теренот.

Се чинеше дека Аргентина има контрола на играта и на топката, и не им дозволи на Австралијците да упатат ниту еден удар кон голот. Меѓутоа во 76. минута Гудвин шутираше, топката се одби од еден аргентински играч и заврши во мрежата на Мартинез. 

Австралија целосно се отвори, па Бекич имаше голема шанса, но Мартинез успеа да го блокира во последен момент и да избие во корнер.

Се вчитува...