Баерн Минхен скапо ја плати победата над Ајнтрахт Франкфурт од 3-2 во Бундеслигата. „Баварците“ ќе останат во наредниот период без Алфонсо Дејвис, кој на споменатиот меч доживеа незгодна повреда.
Левиот бек ги скина мускулните влакна, и дополнителните прегледи ќе покажат колку ќе паузира овој фудбалер, кој е еден од клучните за лидерот во Бундеслигата.
Евентуална пауза би бил сериозен удар за Висент Компани, особено во Лигата на шампионите, каде Баерн го чека својот ривал во 1/8 финалето, додека во Германија тимот веќе има предност пред Борусија Дортмунд од девет поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

