Проблем за Баерн Минхен: Кај Астон Вила без Хари Кејн

Во 5. коло од германската Бундеслига синоќа во Минхен се сретнаа Баерн и Баер Леверкузен и ги поделија бодовите играјќи 1:1.

Шампионот на Германија поведе во 31. минута, а осум минути подоцна Павловиќ постигна еврогол за израмнување и на крајот бод на Баерн.

Во вториот дел Баварците повеќе напаѓаа и беа поблиску до полн плен, но не успеаја да го совладаат Храдецки и да дојдат до победа над „фармацевтите“. 

На отворањето на вториот дел, Гнабри ја погоди стативата, а потоа и гредата во една акција, за подоцна Храдеки да ја блокира колосалната шанса на Олисе.

Кон крајот на натпреварот, Хари Кејн по еден дуел остана да лежи на својата половина и мораше да ја напушти играта. Сега се очекува лекарските прегледи да покажат колку ќе паузира. Повредата не е сериозна, но можеби ќе паузира 1-2 натпревари. 

Во следната недела Баерн гостува во Бирмингем кај Астон Вила, и веројатно ќе биде без услугите на својот прв голгетер.

Се вчитува...