Проблем за Баерн – се повреди Мусиала

Баерн го осигура првото место во групата со победата над Галатасарај, но тој триумф беше платен со повредата на Џамал Мусиала. Германскиот репрезентативец се пожали на болка во мускулот и мораше да биде заменет, што е негова трета ваква повреда во 2023 година.

За денеска се закажани детални лекарски прегледи по што ќе се знае колку ќе изнесува паузата, но Мусиала речиси сигурно ќе ги пропушти ноемвриските пријателски натпревари на германската репрезентација.

„Сега е тешко да се каже било што. Да почекаме да видиме колку е сериозна повредата и колку ќе биде паузата. Трета повреда годинава? Верувам во нашите доктори, дека ќе направат длабока анализа, ќе го најдат проблемот и Мусиала во иднина нема толку често да се повредува“, изјави Томас Тухел по натпреварот.

Се вчитува...