Блокотехна прикажува добри игри во подготвителниот период, но тренерот Марјан Илиевски се соочува со првиот посериозен проблем откако плејмејкерот Андреј Цветковски заработи сериозна повреда. Овој кошаркар настрадал за време на пријателскиот натпревар против Гостивар, а лекарските прегледи ги потврдиле стравувањата дека станува збор за проблем со коленото.
„Цветковски ги скина лигаментите на коленото и за жал сега го очекува повеќемесечна пауза од кошаркарските терени. Вистинска штета, бидејќи станува збор за играч кој прикажуваше добри игри во овој подготвителен период“ – информираат од Блокотехна.
Американецот Двејн Бенџамин пристигна во Гевгелија и му се стави на располагање на стручниот штаб. Тој ќе дебитира во дресот на Блокотехна на претстојниот турнир во Белград, каде македонскиот прволигаш ќе одигра две квалитетни контролни средби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА