Проблем за Борусија – Халанд пак се повреди

Борусија Дортмунд ќе мора да се снаоѓа без помошта на Ерлинг Халанд на наредните натпревари, откако норвешкиот ас ја обновил повредата на мускул во пределот на колкот што го мачеше извесно време.

Халанд неодамна се врати на терените по повредата, но на последниот меч со Ајакс го обнови стариот проблем.

„Халанд нема да игра против Арминија, тој ќе паузира уште неколку седмици поради проблем со колкот. Во комбинација не е ниту Нико Шулц, кој има скинат мускул, како и Томас Муние“, изјави тренерот Марко Росе.

Ерлинг Халанд сезонава настапи на шест бундеслигашки средби за Борусија Дортмунд, притоа постигнувајќи фантастични девет погодоци.

Се вчитува...