Проблем за Борусија во битката за титулата: Дефанзивецот го чека пауза

Борусија Дортмунд изминатиот викенд го загуби дербито со Баерн Минхен, и со тоа го препушти првото место на својот ривал. На крајот „Баварците“ славеа триумф со 4-2, и така го претркаа тимот на „милионерите“ на првата позиција на табелата.

Дополнителен проблем за екипата на Борусија може да претставува фактот што во Минхен останаа и без својот дефанзивец, германскиот репрезентативец Нико Шлотербек. Шлотербек ја напушти играта уште на крајот од првиот дел поради повреда.

Тимот на Борусија потврди дека Шлотербек го чека пауза, но притоа не прецизираше колку ќе биде надвор од терените. Германските медиуми шпекулираат дека Шлотербек ќе го нема во составот на „жолто-црните“  еден месец.

Се вчитува...