Бразил ќе биде ослабен на мечот од третото коло против Србија откако Даглас Коста отпадна од комбинација за настап во овој решавачки меч за пласман во осминафиналето.
Крилниот офанзивец на Јувентус одигра извонредно второ полувреме против Костарика и беше најавуван како стартер против Србите, но Коста заработил незгодна повреда на мускулот. Бразилската фудбалска федерација објави дека тој воопшто нема да отпатува со остатокот од тимот за мечот со Србија, туку ќе остане во тренинг-базата за да работи на што побрза рехабилитација, да може да настапи во нокаут-фазата од мундијалот.
Повредата на Коста значи дека повторно шанса во првиот тим ќе добие Вилијан, иако фудбалерот на Челси игра во слаба форма на овој мундијал.
Покрај Даглас Коста, дуелот со Србија ќе го пропушти и десниот бек Данило, кој поради повреда не настапи ниту на мечот со Костарика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА