Проблем за Бразил, уште поголем за Арсенал: Жезус три месеци во „аут“

Повредениот бразилски фудбалер Габриел Жезус, ќе мора да паузира три месеци поради повреда, откри селекторот на бразилската репрезнтација Тите на денешната прес-конференција.

Напаѓачот на „кариоките“ заработи повреда на мечот против Камерун, по што за него ова Светско првенство е завршено. Го повреди коленото, и сега најновите прогнози велат дека следува долга пауза.

Ова е проблем за Бразил, но уште поголем проблем за Арсенал, кој ќе го нема најдобриот стрелец на располагање за натпреварите на крајот од годината како и почетокот на идната, кога се играат неколку клучни дуели.

„Топчиите“ кои се лидер на  табелата, ќе мора да бараат решение, а нема да биде за изненадување ако тимот од Лондон посегне и по засилување во јануари.

Се вчитува...