Фудбалерот на Барселона, Педри нема да игра во следните неколку недели поради повреда на бутниот мускул, објави денеска клубот на официјалната веб страница.
Педри се повреди на мечот во Ла Лига против Кадиз, во кој со гол во 82. минута го отвори патот на Барселона кон победата.
Клубот објави дека младиот играч ќе отсуствува неколку недели, а се претпоставува дека паузата ќе биде 3-4 недели.
Ова е уште еден голем проблем за Барселона. Претходно беше објавено дека поради повреди ќе ги нема Роналд Араухо и Ансу Фати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

