Поради непријатности со авионот, репрезентацијата на Чешка наместо денеска, утре ќе патува на бараж натпреварот со Шведска. Тие мораа да го пролонгираат патувањето поради дефект на нивниот авион.
– Чешката репрезентација ќе го промени својот распоред и за Шведска ќе отпатува дури в среда поради дефект на авионот, изјави портпаролот Петр Седиви, не изнесувајќи детали околу дефектот на леталото.
Ова не е првпат Чесите да имаат проблем со авионот. За време на ЕВРО 2020 доцнеа со летот од Прага до Будимпешта, каде што во осминафиналето ја победија Холандија со 2-0.
Победникот од баражот Шведска – Чешка ќе игра против Полска во финалето, која обезбеди директен пласман поради дисквалификацијата на репрезентацијата на Русија поради агресијата врз Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА