Е. Пелистер во следниот период нема да може да смета на услугите на левото крило Петар Атанасијевиќ поради повреда на рамото на левата рака, потврдија битолчани.
Јасно е дека повредата не е наивна, но во соопштението на актуелниот шампион на Македонија не е откриено колку долго тој ќе отсуствува од теренот.
„Петар Атанасијевиќ левото крило на Еурофарм Пелистер поради повреда на десното шутерско рамо нема да му биде на располагање на тренерот Раул Алонсо во периодот кој ни следи. Еурофарм Пелистер му посакува брзо опоравување на Петар!“, стои во објавата на Е. Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА