Најголемата ѕвезда на француската фудбалска репрезентација, Килијан Мбапе нема да биде дел од составот кој ќе се сретне со Канада во последната подготовка пред престојното Еворпско првенство во Германија поради повреда, откриваат француските медиуми.
Стручниот штаб на „триколорите“ на чело со селекторот Дидие Дешам во договор со лекарскиот тим донел одлука да го поштеди 25-годишникот поради болки во грбот кој ги чувствувал и пред средбата против Луксембург.
Според француските медиуми Мбапе се жалел на болки во грбот и пред средбата против Луксембруг во кој два пати асистираше и постигна гол за победа од 3-0, а добил и дополнителен удар во коленото на самата средба.
И покрај благата повреда се очекува Мбапе да биде лидер на Франција која во групната фаза на Евро 2024 силите ќе си ги одмери со Австрија, Холандија и Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

