Проблем за Гвардиола: Едерсон во „аут“ месец дена

Пеп Гвардиола нема да може да смета на бразилскиот голман Едерсон околку еден месец поради повреда на бутот која ја стекна на натпреварот против Ливерпул во дербито на 28. коло во Премиерлигата.

Бразилецот при обид да ја исфрли топката од шестнаестникот направи пенал над Дарвин Нуњез, а притоа стекна и повреда која со сигурност ќе го оддалечи од теренот на натпреварите против Њукасл во четвртфиналето од ФА Купот, дербито против Арсенал и пресметката против Астон Вила на почетокот на месец април.

Се вчитува...