Фудбалската репрезентација на Хрватска најверојатно ќе биде ослабена за полуфиналниот дуел против Англија в среда. Селекторот Златко Далиќ нема да може да смета на услугите на десниот бек Шиме Врсаљко. Тој заработи повреда на левото колено во четвртфиналето со Русија и мораше да го напушти теренот. На негово место во игра влезе искусниот Чорлука, а Домагој Вида беше прекомандуван на десната странична позиција.
Далиќ има уште неколку дена да размисли дали оваа тактичка варијанта ќе ја употреби и против Англија во битката за финалето, или пак има и други опции на располагање во ростерот. Врсаљко ќе замине на детални лекарски прегледи, но прогнозите за неговата здравствена состојба не се премногу оптимистички, кога е во прашање настап до крајот на Мундијалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА