Проблем за Хрватска пред ЕВРО: Двајца ракометари отпаднаа

На хрватската репрезентација им се случија нови повреди, и поради тоа селекторот Горан Перковац беше приморен да повикува нови играчи за Европското првенство, кое од 10 до 28 јануари ќе се одржи во Германија.

После синоќешниот тренинг и дополнителните лекарски прегледи, покажаа дека отпаднаа левото крило Давид Мандиќ кој има проблеми со врат, и левото крило Јосип Шарац кој има повреда на коленото.

Со оглед дека и натаму е неизвесна ситуацијата со Доминик Кузмановиќ, селекторот Перковац се одлучи да повика двајца нови. Станува збор за Марко Мамиќ и Кристијан Пилиповиќ.

Се вчитува...