Проблем за Интер, Лаутаро ќе мора на пауза

Интер официјално ја изјави состојбата на големата ѕвезда на тимот Лаутаро Мартинез, кој заработи повреда на дуелот со Болоња во Купот на Италија. Во истиот меч, за малерот да биде поголем, Лаутаро промаши и пенал, а Интер заработи елиминација во продолженијата.

Мартинез утрово бил на тестови во Милано, кои покажале дека има истегнување на мускулот на адукторот. Неговата состојба ќе биде проценета во следните денови.

Извесно е дека Лаутаро нема да игра утре против Лече, но и на гостувањето кај Џенова на 29. декември. Би требало да се врати дури на почетокот на идната година. На 6. јануари Интер игра дома против Верона.

Голгетерот има 17 гола и 4 асистенции на 23 меча во досегашниот дел на сезоната.

Се вчитува...