Фенербахче успеа да слави на последниот дуел со Баерн Минхен по дополнителни пет минути, но Шарунас Јасикевичиус сега се соочува со сериозен проблем откако остана без помошта на клучен кошаркар за наредниот период.
Најџел Хејс-Дејвис заработи повреда на претходниот меч со Партизан одигран на 9 јануари, адеталните прегледи покажаа сериозно истегнување на бутниот мускул. Според првите прогнози, крилниот кошаркар ќе остане надвор од тимот на Фенер најмалку 20 дена.
Хејс Дејвис е најдобар стрелец на Фенербахче сезонава, има одличен просек од 13,4 поени и 4,8 скокови по натпревар, па Јасикевичиус ќе има сериозен проблем да го надополни неговото отсуство.
Фенер моментно има скор 13-8 во Евролигата и се наоѓа на делба на четвртото место. По доаѓањето на Јасикевичиус на клупата, турскиот гигант има седум победи и само еден пораз во елитното европско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА