Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Ерик Баи, ќе отсуствува уште најмалку два месеци од терените бидејќи мора да замине на операција по хроничната повреда на скочниот зглоб. Жозе Мурињо минатата седмица призна дека алтернативните методи на лечење на ги дале посакуваните резултати, за Португалецот денеска да потврди дека Баи што поскоро ќе замине „под нож“.
„Одлуката е донесена, Баи ќе оди на операција. Не би рекол дека е крај на сезоната за него, но во секој случај ќе паузира најмалку два-три месеци“ – изјави Мурињо.
Поранешниот фудбалер на Вилјареал лани беше најдобар дефанзивец на „црвените ѓаволи“, но поради сезонава не успеа да врзе повеќе натпревари во серија. Во негово отсуство притисокот во одбраната ќе падне врз Џонс и Рохо, а Мурињо како резервни опции ги има и Смолинг и Линделоф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА